Од Рома синоќа официјално објавија договор со Бордо за офанзивниот играч од средниот ред, Малком. Клубовите си ги стиснаа рацете за трансфер вреден 36 милиони евра. Самиот 21-годишен играч, исто така, се согласи да се пресели на „Олимпико“. Околу 50 Римјани дури го чекаа Бразилецот на аеродромот. Во последен момент, агентите од Јужна Америка пропуштија да го фатат авионот за италијанскиот главен град, објавија шпанските медиуми. Претставниците на играчот заминале во Барселона, каде што преговарале за личните услови на играчот. Од „Камп Ноу“ понудиле 41 милион евра за Малком за да ги победат своите колеги од Рома. На крајот на краиштата, нема потпишан договор и Бордо и фудбалерот можат да ги „изиграат“ Италијанците за сметка на каталонскиот клуб.