Милан, управуван од миланисти. Целта на новите сопственици на „росонерите“ од „Елиот Менаџмент“ е клубот да биде даден во рацете на луѓе кои биле сведоци на подемите и падовите во миланскиот гигант. По разделбата со Марко Фасоне и Масимилиано Мирабели, нивните места во Милан ќе бидат зафатени од Леонардо и Умбердо Гандини. Но, веста која ќе ги воодушеви сите миланисти е идејата во клубот да биде вратен легендарниот капитен Паоло Малдини. Бидејќи целата техничка работа ќе биде доверена во рацете на Леонардо, поранешниот дефанзивец на „росонерите“ ќе ја преземе функцијата на потпретседател. Треба да се посвети внимание, сепак ,на зборовите на Малдини пред една недела: „Засега нема ништо и не знам дали воопшто ќе има“. Сепак, италијанските медиуми се убедени дека големото враќање на Паоло Малдини во Милан ќе стане факт за неколку дена.