Напаѓачот Ричарлисон и официјално е играч на Евертон. Бразилецот пристигнува на „Гудисон парк“ од Ватфорд за 50 милиони фунти. „Карамелите“ ќе платат 35 милиони сега, а останатите се заложени како бонуси. Ричарлисон (21) потпиша петгодишен договор со Евертон, но параметрите не беа објавени. Бразилецот лично беше баран од новиот менаџер на Евертон, Марко Силва, кој претходно го донесе во Ватфорд од Флуминензе во 2017 година за 11,5 милиони фунти.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2018 11:08