Новиот тренер на ПСЖ, Томас Тухел сака да го засили својот состав со Ренато Санчез од Баерн Минхен, Антонио Рудигер од Челзи и Јулијан Вајгл од Борусија Дортмунд, соопштува „Паризиен“.

Според информациите, Тухел разговарал лично со спортскиот директор на клубот Антеро Енрике и со претседателот Насер Ал-Келаифи и ги информирал за желбата да ги има тројцата фудбалери во својот состав за новата сезона.

Санчез не влегува во плановите на новиот тренер на Баерн, Нико Ковач и е многу веројатно да се стигне до неговата продажба во францускиот шампион.

Пари Сен Жермен многу потешко ќе го привлече Рудигер од Челзи, бидејќи германскиот репрезентативец беше меѓу стартерите кај Антонио Конте, а неговата улога при Маурицио Сари нема да биде различна.

Тухел не крие дека сака да го засили својот состав и со нови бекови, откако тимот го продаде Јури Берчиче на Атлетик Билбао.

Германскиот тренер нема да се потпира на Левин Курзава, Дани Алвеш се опоравува од операцијата, а иднината на Тома Муние на „Парк де Пренс“ не изгледа воопшто сигурна.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2018 14:30