Иранскиот фудбалер Алиреза Џаханбакш за 20 милиони фунти премина од холандски АЗ Алкмар во Брајтон, што воедно претставува рекорден трансфер за англискиот клуб.
Џаханбакш со Брајтон потпиша петгодишен договор, а минатата година беше најдобар стрелец во холандската лига со 21 гол и 12 асистенции.
Иранскиот фудбалер и пред три години беше блиску до трансфер со Брајтон, но тогаш одлучи да остане во Холандија.
Тој од 2013 година настапува за репрезентацијата на Иран и на 41 натпревар има постигнато четири голови.