Напорите на Борусија Дортмунд да го привлечат Марио Манџукиќ најверојатно ќе завршат со неуспех. Според „Билд“, на крајот од минатата недела, Хрватот им соопштил на „жолто-црните“ дека не сака да се пресели во тимот. Причината е дека по силното претставување на Светското првенство, Манџукиќ е решен да го задржи своето место во Јувентус, со кого има договор до 2020-та. Борусија се обиде со сѐ за да го убеди напаѓачот, откако преговори со него водеше советникот на клубот Матијас Замер, кој работеше заедно со Манџукиќ во Баерн. На тој начин, Дортмунд продолжува со потрагата по нов напаѓач, со ризикот да ја започне новата сезона без големо име во првите редови.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 11:06