Високиот спортски арбитражен суд (КАС) ја отфрли жалбата на поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке против изречената 10-годишна казна да се занимава со фудбалски активности поради нарушување на етичкиот кодекс на светската фудбалска централа.
Од КАС објавија дека санкцијата и финансиската глоба од 100 илјади швајцарски франци се „целосно релевантни“ и ја потврдија одлуката на Апелациската комисија на ФИФА од 2016 година.
Валке, кој беше десна рака на поранешниот претседател Сеп Блатер, беше прогласен за виновен поради учество во шема за препродажба на билети со зголемена цена за средби од финалето на Мундијалот 2014 во Бразил, неправилности при продажба на промотивни и телевизиски права, како и за трошење средства за приватни патувања на сметка на светската фудбалска централа.