Желсон Мартинс како слободен играч потпиша договор со Атлетико од Мадрид, но во Спортинг сметаат дека нивниот играч не смеел да го напушти Лисабон без дозвола од клубот и поднесоа тужба против шпанскиот клуб за обештетување.

Претходно, иако не беше обврзан, Атлетико понуди за Желсон да плати 15, а потоа и 22 милиони евра. Но, раководството на Спортинг имаше далеку поголеми очекувања и прво побара 60, па потоа намалија на 40 милиони евра.

Бидејќи овие суми беа неприфатливи за шпанскиот клуб, Желсон одлучи да премине во Атлетико како слободен играч, но Спортинг не се откажа од финасискиот надомест. Лисабонскиот клуб сега поднесе официјално тужба до ФИФА и од Атлетико бара обештетување од 100 милиони евра.

Од Спортинг при поднесувањето на тужбата наведоа дека однесувањето на шпанскиот клуб е неприфатливо.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2018 00:50