Челзи се согласи да го продаде напаѓачот Вилијан на Манчестер Јунајтед, објави „Тутоспорт“.

„Црвените ѓаволи“ понудија сума од 75 милиони евра за 29-годишниот Бразилец. Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо лично го побарал трансферот.

Договорот на Вилијан со Челзи е до јуни 2020 година. Во претходната сезона, Вилијан одигра 55 натпревари за „сините“ на сите турнири во кои постигна 13 гола и направи 9 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2018 01:08