Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, бил подложен на операција и ќе го пропушти почетокот на сезоната во Англија, објави менаџерот на тимот Жозе Мурињо.
Дваесет и девет-годишниот Србин добил повреда во областа на стомакот за време на натпреварите на националниот тим на Светското првенство во 2018 година во Русија.
- Тој замина во Филаделфија за специјален преглед и не ја напушти клиниката. Веднаш бил опериран и ќе го пропушти почетокот на сезоната. Се уште не знам колку долго ќе отсуствува, рече Мурињо.
Матиќ одигра 49 натпревари за Манчестер Јунајтед минатата сезона и забележа 2 гола и 3 асистенции.