Барселона нема намера да се раздели со вториот најскап трансфер во својата историја - Усман Дембеле. За младиот Французин се мислеше дека може да се искористи во евентуална зделка за нов грандиозен трансфер. Сепак, ова нема да се случи во текот на летото, при што крилото ќе биде користено од тренерот Ернесто Валверде. - Сакаме да имаме натпреварувачки тим, затоа што е многу важно за нас да ги следиме нашите цели и се надевам дека Дембеле ќе има добра сезона, рече тој. Спортскиот директор на каталонците, Ерик Абидал го поддржа својот сонародник со зборовите: „Тој треба да остане смирен и да работи напорно“. Како што е познато, Дембеле постигнал четири гола и девет асистенции во 24 натпревари во својата прва сезона на „Камп Ноу“.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2018 20:53