Манчестер Јунајтед нема да го продаде шведскиот дефанзивец Виктор Линделоф во Лион, соопшти француското издание „Екип“.

Трансферот на 24-годишниот играч е блокиран лично од менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо.

Линделоф игра на „Олд Трафорд“ од 2017 година, кога беше привлечен од Бенфика за 35 милиони евра плус уште 10 милиони во бонуси. Неговиот договор е до 2021 година.

Минатата сезона учествуваше на 17 натпревари откако не успеа да се воспостави во првиот тим. Се зборуваше дека и Бенфика може да го побара да се врати.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2018 11:49