Герет Бејл може да помогне да се „пополни дупката“ што ја остави Кристијано Роналдо, откако го напушти Реал Мадрид во насока Јувентус. Ова е мислењето на новиот тренер на „белите“, Хулен Лопетеги. Велшката ѕвезда на Реал беше поврзана со напуштање на „Бернабеу“, бидејќи под раководство на Зинедин Зидан не беше постојан стартер. Но, по трансферот на Роналдо, иднината на Бејл повторно изгледа светла. - Гарет е среќен што ќе игра во Реал Мадрид. Кристијано Роналдо е еден од главните играчи во поновата историја на Реал Мадрид. Тој изрази желба да го напушти тимот и ние му дозволивме. Бејл е одличен играч со толку многу квалитети, и тој може да помогне да се пополни оваа празнина, вели поранешниот селектор на Шпанија. Лопетеги додаде дека Бејл „работи многу добро“ на тренинзите заедно со напаѓачот Карим Бензема. - Ако ова е тимот со кој ќе ја започнам сезоната, јас ќе бидам среќен. Не сакам да зборувам за хипотетички ситуации. Гарет е среќен да игра во Реал Мадрид. Тоа е одлична можност за него да го покаже својот талент. Тој е со тимот. Среќен е и е поврзан со нашите цели. Тоа е почетокот на возбудлив пат за нас, додаде Лопетеги.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2018 10:53