Спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал имал средба со Пол Погба во Беверли Хилс, пишува италијански „Тутоспорт“. Двајцата разговарале во приватна куќа со намера за целосна изолација. Шефот на каталонскиот клуб се плаши од Манчестер Јунајтед да не извадат докази за преговори, што ќе му наштети на шпанскиот шампион. Основната цел на новиот директор на Барса била токму да разговара во четири очи со светскиот шампион. Според италијанскиот весник, Погба има желба да го напушти „Олд Трафорд“ поради влошените односи со Жозе Мурињо. Неговиот поранешен клуб, Јувентус, исто така, сака да го врати назад играчот од средниот ред, но прво мора да го продаде Миралем Пјаниќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 13:53