Голманот на Челзи, Тибо Куртоа изјавил пред клубското раководство дека нема да го потпише предлогот за нов договор и ако не биде продаден ова лето, ќе си замине без пари по една година. Белгиецот е трансфер цел за Реал Мадрид, но „сините“ одбиваат да го продадат додека не најдат соодветна замена. До крајот на трансфер прозорецот во Англија остануваат само девет дена и од „Стемфорд Бриџ“ треба да одлучат дали да земат сега 35 милиони фунти за Куртоа, или да го испуштат 26-годишниот голман без пари по 12 месеци. Куртоа треба да ги обнови тренинзите со Челзи следната недела - три дена пред затворањето на прозорецот. Неговата желба е трансферот да се реши порано.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 13:53