Индиската полиција истражува злоупотреба на хормони за растење во случај со трговија со деца за сексуални цели, откако уапси осуммина кои се обвинети за искористување на девојчињата во бордели ширум државата Телангани.

Единаесет девојчиња од кои четири се помлади од седум години, се спасени од јавна куќа во Јадагиригути, каде биде подготвувани за проституција, соопшти полицијата.

– Трговците со луѓе признаа дека на девојчињата им давале хормонски инекции, изјави Мадеш Багват, висок претставник во Управата на главниот град на Телангани, Хадерабад.

– Тоа е јасен случај во кој се гледа како на довојчињата им вбризгувале хормони да изгледаат постари, додаде тој.

Полицијата е во потрага по лекар кој криминалците ги снабдувал со инекции со хормони.

Според проценки на невладини организации, од околу 20 милиони девојки и жени кои се во сексуалната индустрија во Индија, 16 милиони се жртви на трговци со луѓе. Осуммината трговци со луѓе за секое девојче на семејствата им платиле по 200.000 индиски рупии (2917 американски долари), додава полицијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 14:33