Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Антони Марсијал, парично ќе биде казнет со 180.000 фунти поради тоа што не се врати во САД за финалниот дел од претсезонската турнеја на клубот.

Марсијал ги напушти подготовките за да присуствува на раѓањето на своето дете, но потоа воопшто не се врати назад во САД.

Јунајтед сега се враќа во Англија, а тренерот Жозе Мурњо смета дека таквото однесување е неприфатливо. Од клубот наведоа дека тој го прекршил договорот со подолго отсуство, за кое не добил дозвола и поради тоа е казнет со 180.000 фунти.

Марсијал и претходно сакаше да замине од Јунајтед, а последните настани само ги засилија гласините за негов трансфер, посебно што Мурињо по американската турнеја наведе дека не знае дали францускиот фудбалер ќе остане во тимот.

Тој во Манчестер дојде во 2015 година од Монако, а досега на 136 настапи има постигнато 36 голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 16:32