Сопственикот и претседател на Наполи, Аурелио де Лаурентис, ќе се обиде да го спаси од банкрот фудбалскиот клуб Бари.

Градоначалникот на Бари Антонио Дeкаро, денеска соопшти дека понудата на Де Лаурентис била прифатена и дека тој ќе го преземе клубот.

Фудбалскиот клуб Бари доживеа банкрот откако не успеа да ја плати котизацијата за учество во Серија Б. Поради тоа сите играчи добија документи дека се слободни да си одат и клубот автоматски беше префрлен во Серија Д.

- Сакам да го задржам спортот во Бари и разговарав со сите почнувајќи од навивачите па се до раководството на клубот. Имaше дури 11 понуди за преземање на Бари, но го избравме Аурелио де Лаурентис поради економската моќ и затоа што е успешен во спортот. Верувам дека проектот ќе успее, истакна Декаро.

Во Бари очекуваат клубот под раководство на Де Лаурентис да стигне до Серија А



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 20:54