Тренерот на италијанскиот шампион Јувентус, Макс Алегри ја прокоментира размената на дефанзивците Матија Калдара и Леонардо Бонучи. Првиот преминува во Милан без да одигра официјален натпревар за „бјанконерите“, а вториот се враќа во Торино, по едвај една сезона на „Сан Сиро“. - Бонучи е важен играч и не се променил многу само за неколку месеци. Калдара сепак е млад играч и заедно со Алесио Ромањоли и Даниеле Ругани се најветувачките италијански дефанзивци. Жалам што го губам, но пазарот не обврзува на такво нешто, изјави Алегри. Тој исто така се заблагодари на Гонзало Игуаин, кој исто така се пресели во Милано. Првично „Ел Пипита“ ќе игра на „Сан Сиро“ како позајмен за 18 милиони евра, а следното лето „црвено-црните“ ќе можат да го откупат за 36 милиони евра. - Даде се од себе за двете години кај нас и затоа сме му благодарни. Со овие договори Милан, ќе стане подобар, додаде Алегри.