Во текот на ова лето се појавија многу шпекулации дека Арон Ремзи е подготвен да го напушти Арсенал. Откако во јули Џек Вилшир си замина од „Емирати“, сега и репрезентативецот на Велс е на чекор од тоа да бара нов предизвик во кариерата. Во последните неколку сезони, халфот е еден од најважните играчи во тимот на „топџиите“. Тој лесно ја води играта во средината на теренот, кога тој не е измачуван од повреди. Во текот на својата кариера тој пропушти голем дел од натпреварите на тимот од Лондон поради непријатни повреди, но во последните години се штити успешно и тоа се одразува на неговата форма, која е импресивна. Ремзи има договор со Арсенал до крајот на следната сезона и во јануари може да потпише прелиминарен договор со тим надвор од Островот. Од „Енфилд“, сепак, планираат да понудат околу 30 милиони фунти на Арсенал до крајот на трансфер прозорецот и слично како Алекс Окслеис Чемберлен, да го привлечат до крајот на трансфер прозорецот од „Емирати“, пренесоа медиумите на Островот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2018 15:16