Холандскиот фудбалски стручњак Кларенс Седорф е назначен за селектор на Камерун, а во репрезентацијата ќе му помага неговиот сонародник Патрик Клајверт.

Веста за нивниот ангажман ја соопшти камерунскиот министер за спорт Пјер Исмаел Бидунг Мкпат.

Камерун е актуелен шампион на Африка, а во јануари на домашен терен ќе ја брани титулата во Купот на африкански нации. Репрезентацијата е без селектор од ноември минатата година кога беше отпуштен Уго Брос.

За разлика од блескавата фудбалска кариера, Седорф како тренер немаше особен успех, а од 2014 година самостојно ги водеше Милан, Шенжен и Депортиво од Ла Коруња.

Клајверт досега беше тренер на младинскиот тим на Ајакс, на репрезентацијата на Курасао, а од неодамна е назначен за спортски директор на ПСЖ.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2018 12:22