Фудбалерот на Реал, Лука Модриќ, му соопштил на клубот дека сака да ја промени средината, објави „Газета дело Спорт“. Минатата седмица италијанскиот весник објави дека за услугите на 32-годишниот играч од средниот ред е заинтересиран Интер.

Како што се тврдеше, италијанскиот клуб е подготвен да му понуди на Хрватот четиригодишен договор со плата од 10 милиони евра годишно.

Претходно, новиот тренер на „Кралскиот клуб“ Хулен Лопетеги ги негираше шпекулациите за заминувањето на најдобрите фудбалери на светот. Претседателот на клубот, Флорентино Перез, пак, рече дека е подготвен да го продаде Модриќ за 750 милиони евра. Во исто време, медиумите објавија дека хрватскиот фудбалер би можел да стане играч на на Интер за 60 милиони евра.

Модриќ е во Реал Мадрид од 2012 година. Неговиот сегашен договор е до летото 2020 година.

Со Реал има освоено 14 трофеи, вклучувајќи ги и четирите од Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2018 11:58