Македонскиот фудбалски првак Шкендија при евентуален успех во натпреварите со Салцбург, за противник во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите ќе го има подобриот од пресметката меѓу Црвена Ѕвезда и Спартак Трнава.

Вака денес одлучи жрепката во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.

Во случај да го поминат австрискиот претставник, тетовци во последната рунда од квалификациите за ЛШ на првиот натпревар би гостувале во Србија или Словачка на 21 или 22 август, а реваншот во Скопје би се играл седум дена подоцна.

Доколку Шкендија биде подобра и на овој двомеч ќе стане првата македонска екипа со изборено учество во ЛШ, во спротивно би го повторила ланскиот успех на Вардар кој избори пласман во групната фаза од Лига Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2018 13:45