Фудбалерите на Барселона кои беа дел од репрезентациите на Франција, Хрватска, Белгија, Бразил, Колумбија и Уругвај на Светското првенство 2018 година, го одржаа својот прв тренинг со останатите играчи, соопштено е на официјалниот сајт на каталонскиот клуб.

Самуел Умити, Иван Ракитиќ, Томас Фермален, Фелипе Кутињо, Јери Мина и Луис Суарез им се приклучија на Лионел Меси, Серхио Бускетс, Жерар Пике и Жорди Алба кои се вратија во тимот минатата.

Исто така на тренингот беа и Серхи Сампер, Усман Дембеле и Марк-Андре Тер-Штеген.

Првиот официјален натпревар во новата сезона Каталоните ќе го имаат на 12 август во рамките на Суперкупот на Шпанија против тимот на Севиља.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2018 14:37