Белгискиот фудбалер Аксел Витсел пристигна во кампот на германскиот гигант Борусија Дортмунд во Бад Рагац (Швајцарија), каде во моментов „жолто-црните“ водат подготовки за новата сезона. 2Тој ќе се приклучи на составот на Борусија од кинескиот Тјанжин. Тимот од „Сигнал Идуна парк“ ќе им плати на Кинезите 20 милиони евра за фудбалерот кој ќе потпише четиригодишен договор со германскиот клуб. Според неофицијални информации, годишната плата на Витсел во неговиот нов тим ќе изнесува 10 милиони евра. Витсел е дете на Стандард Лиеж, а во својата кариера има играно уште за Бенфика и Зенит (Санкт Петербург). Халфот има 96 натпревари и девет гола за националниот тим на Белгија.