Дебито на петкратниот добитник на „Златната топка“, Кристијано Роналдо за италијанскиот шампион Јувентус ќе може да се следи во живо и на Фејсбук.
„Илеван Спортс“ соопшти дека постигнал договор за иновативно партнерство со социјалната мрежа и ќе емитува бесплатен стриминг. Еден од првите натпревари кои ќе се пренесуваат директно е гостувањето на „бјанконерите“ во Киево на 18 август од 18:00 часот.
- Нашиот избор ќе ги вклучува најголемите клубови во Шпанија и Италија: Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Наполи, како и најдобрите играчи - Лео Меси, Кристијано Роналдо и Антоан Гризман, соопшти „Илеван Спортс“.
Компанијата додава дека најмалку еден натпревар неделно од шпанската Ла Лига и италијанската Серија „А“ ќе бидат пренесувани на нивната страница на Фејсбук.