Атлетико Мадрид е пред договор со Милан за трансфер на Никола Калиниќ, информира спортскиот директор на клубот од Милано, Леонардо.

- Трансферот на Калиниќ е речиси договарен. Ние сме многу блиску до постигнување на договорот, изјави Леонардо.

Во меѓувреме, Атлетико Мадрид постигна договор за трансфер на Кевин Гамеиро во Валенсија. Французинот ќе оди на „Местаља“ за сума од 16 милиони евра.

Во последната сезона Гамеиро одигра 25 натпревари и поситгна седум гола за „црвено-белите“.

Гамеиро играше за Атлетико од 2016 година, а претходно беше фудбалер и на Севиља, Пари Сен Жермен, Лориен и Стразбур.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2018 01:08