Спортскиот директор на Милан, Леонардо на денешната промоција на Паоло Малдини како нов технички директор на „росонерите“, на новинарско прашање изјави дека за клубот е невозможно привлекувањето на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, познат како СМС, од Лацио во текот на летово.
Милан беше поврзуван со трансфер на Србинот, но поставената цена од Римјаните е превисока за „црвено-црните“.
- Не можеме да купиме топ играч, бидејќи финансискиот ферплеј не ни го дозволува тоа, изјави Леонардо.
Тој потоа искажа и неколку зборови за неговиот добар пријател и колега, Малдини.
- Кога ќе погледнете кон Паоло Малдини, тогаш знаете, дека се ќе биде совршено, како што треба. Сакаме да работиме со сериозни професионалци, а Паоло е токму таков. Тој сака да биде тука, а неговата кариера кажува се што е потребно да се знае, заврши Леонардо.