Египетскиот фудбалски голман Есам Ел Хадари одлучи да стави крај на репрезентативната кариера на 45-годишна возраст.

Ел Хадари ова лето на Светското првенство во Русија постави рекорд со тоа што стана највозрасниот играч кој воопшто настапил на Мундијалите.

Тој за Египет дебитираше во 1996 година и оттогаш запиша 159 настапи во репрезентативниот дрес. Има постигнато еден гол, и освоено четири трофеи во Купот на нации на Африка.

На неодамна завршеното СП во Русија, Египет забележа три порази во групната фаза.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2018 11:24