Белгискиот голман Тибо Куртоа го пропушти тренингот со Челзи и чека трансфер во Реал Мадрид.

Најдобриот чувар на мрежата на се наоѓа на излезна врата од „Стемфорд Бриџ“, а тоа денеска за медиумите го потврдил и тренерот Маурицио Сари.

Медиумите на Островот пишуваат дека никој од лондонскиот клуб не знае зошто 26-годишниот Белгиец не ги извршува своите обврски.

Договорот на Куртоа со Челзи истекува идното лето и затоа с еверува дека клубот ќе го дозволи трансферот во Реал со цел да добие одредена сума за обештетување.

Голманот на Белгија од 2011 година е член на Челзи. Беше на позајмица во Џенова и Атлетико Мадрид и сега се очекува да се врати во шпанската престолнина каде живее неговото семејство.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2018 13:52