Тимот од „Енфилд Роуд“ загубил дури 12 поени, а „црвените ѓаволи“ биле наградени со шест бодови Екипата на Ливерпул била најоштетена во Премиерлигата, за минатата сезона. Тоа го тврди истражувањето на ЕСПН, Интел и Универзитетот во Бат со индексот на среќа.

Во ова истражување се разгледуваат судиските грешки направени за неоправдано поништените голови или доделените нерегуларни погодоци. По тој основ, Ливерпул загубил дури 12 поени, додека Манчестер Јунајтед има добиено вкупно шест бода благодарение на судиските одлуки.

Дури и во директната пресметка меѓу најтрофејните екипи во Англија, на мечот одигран на 14 октомври 2017 година, Ливерпул требало да добие пенал во 64 минута, но судијата решил дека не треба да покаже на белата точка и згрешил. Дуелот заврѓи 0:0, а ако Ливерпул добиел пенал и го реализирал ќе било 1:0 за екипата од „Енфилд Роуд“.

Минатата сезона во Премиерлигата беше историска, бидејќи шампионот Манчестер Сити освои рекордни 100 бодови. Интересно е што според прегледот на судиските грешки и направените анализи, на местото на Хадерсфилд, требало да испадне екипата на Стоук. Д.Б



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2018 16:02