Раководството на Реал Мадрид планира да поднесе тужба против Интер поради врбување на нивниот играч Лука Модриќ.

Од шпанскиот клуб реагираат на начинот на кој колегите од Милано се обидуваат да извршат притисок врз хрватскиот фудбалер да се пресели во Италија.

Во изминатите десетина дена во италијанските медиуми постојано се шират гласини за заминувањето на Модриќ.

Меѓу другото имаше написи дека наводно сопругата на Модриќ водела преговори со раководството на Интер, потоа дека хрватскиот фудбалер барал да си замине од Мадрид, па се до тоа дека е постигнат договор и дека годишно би требало да заработува десет милиони евра.

Пред неколку дена претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, беше категоричен дека клубот не е заинтересиран за продажба на Модриќ, но и покрај тоа, притисокот за неговиот трансфер не престана да се шири.

Реал поради ова, но и поради сомежот дека Интер преку спонзори може да обезбеди дополнителни средства за трансфер на Модриќ планира да поднесе тужба за финансиски фер-плеј до УЕФА.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2018 19:28