Бразилскиот фудбалер Даглас Коста призна дека е невозможно да се следи Кристијано Роналдо на тренинзите.

Коста и Роналдо од неодамна се соиграчи во Јувентус, а бразилскиот репрезентативец не ги криеше импресиите за работењето со еден од најдобрите играчи во светот.

- Невозможно е да го следи Кристијано Роналдо на тренинзите. Кога стигнавме тој веќе тренираше, а и откако заминавме продолжи да тренира. Никогаш не сум видел такво нешто, истакна Коста.

Роналдо со трансфер во висина од над 100 милиони евра премина од Реал Мадрид во Јувентус.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2018 21:02