Најмногу по заслуга на Герет Бејл, Реал Мадрид ја победи Рома со 2:1 на натпреварот одигран синоќа во Њу Џерси во рамките на Меѓународниот шампионски куп.

Велшанецот во 2.минута му асистираше на Марко Асенсио кој го постигна првиот гол, додека самиот се запиша во листата на стрелците во 15.минута. До крајот, Рома успеа само да намали на 2:1 преку Кевин Стротман во 83.минута.

За една седмица Реал Мадрид го очекува дуелот од шпанскиот Суперкуп со градскиот ривал Атлетико.

Рома новата сезона официјално ќе ја почне на гостувањето кај Торино на 19 август во 1.коло од Серија А.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2018 10:37