Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито тврди дека српскиот напаѓач Сергеј Милинковиќ-Савиќ вреди повеќе од ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Французинот своевремено за 110 милиони евра премина од Јувентус во Манчестер, а Лотито вели дека нема намера да го пушти Србинот за помалку од 120 милиони евра.

- Сергеј беше најдобар млад фудбалер на светот и уште ќе напредува. Чекам официјална понуда за него. Ние нема д аго продадеме по секоја цена. Минатата сезона одбивме 110 милиони. За колку пари отиде Погба, 110 милиони евра? Тогаш Сергеј има поголема вредност бидејќи е подобар играч, рече Лотито.

Италијанските медиуми шпекулираат дека утре Лотито ќе има состанок со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој во СМС гледа замена за Кристијано Роналдо.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2018 12:48