Душан Чубраковиќ е новиот чувар на мрежата на македонскиот прволигаш Академија Пандев.
Најновото засилување на струмичани доаѓа од екипата на Слобода Ужице (Србија) и има 23 години. Во кариерата има настапувано за екипите на Чукарички и Слобода Ужице. Договорот е потпишан на една година со опција на продолжување на доколку двете страни бидат задоволни од соработката.
Од вчера нов фудбалер на Академија Пандев е и Стефан Костов (21). Тој досега настапувал за екипите на Брегалница и Ренова и игра на позицијата централен дефанзивец.