Финалистите во Супер купот на Шпанија, Барселона и Севиља ќе можат да направат четвртата замена, одлучи тамошната фудбалска федерација.

Новитетот во ова натпреварување ќе важи само ако натпреварот отиде во продолженија.

Оваа одлука е донесена во согласност со промените на правилата, кои во март ги одобри Меѓународниот совет за фудбалски асоцијации (ИФАБ).

Натпреварот Барселона – Севиља ќе се игра утре (12 август) со почеток во 22 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2018 13:58