Шефот на стручниот штаб на Вардар Александар Васоски, даде свој осврт после одиграното дерби со Шкендија во Тетово кое заврши без победник 2:2.
Во овој интересен и возбудлив меч, она за што жали тренерот Васоски е вториот примен гол. Меѓутоа без разлика го искажа задоволството од овој меч, со простор за напредок во иднина и со отстранување на некои грешки.
- Бод од Тетово со екипа актуелен шампион е добар старт. Генерално сум задоволен, но има простор за напредок. Дадовме први гол, и потоа имавме неколку ситуации за втор гол каде што недостасуваше тоа завршно додавање. Шкендија имаше пенал кој не го реализира, а потоа примивме еден гол по индивидуален потег. Не требаше да го примиме тој втор гол во ситуација кога имавме играч повеќе на теренот. Недозволиво реагиравме, и тука мораме да се подобриме и ќе работиме на тој план, изјави Васоски за клупскиот сајт.