Играчот од средниот ред Манчестер Јунајтед, Пол Погба истакна дека секој фудбалер треба да се чувствува удобно во тимот. Тој одби да коментира за ситуацијата на „Олд Трафорд“ и за евентуално постоење конфликт со тренерот Жозе Мурињо.
- Да, сега сум светски шампион, но јас сум се уште истиот Погба. Давам се од себе за доброто на Манчестер Јунајтед. Кога се чувствувате удобно, кога се е добро во вашата глава, тогаш се е полесно. Секако, полесно е кога луѓето имаа доверба во тебе, изјави Погба.
Французинот мината сезона немаше сјајни односи со менаџерот Мурињо.
- Дали ми е удобно во Манчестер Јунајтед? Постојат некои работи за кои може да се зборува, но има и такви за кои не можам да зборувам. Инаку, јас ќе бидам казнет, вели Погба во изјавата за англиските медиуми.