Европа денеска ќе лансира сателит со нова ласерска технологија за мерење на јачината на ветровите ширум Земјата, што ќе им помогне на научниците попрецизно да ги прогнозираат временските промени.

Мисијата наречена „Аеолус“ ќе им овозможи на научниците да добијат податоци за ветровите во оддалечените подрачја, како и за ветровите над океаните, што досега не можеа да се добијат од временските балони, земните станици и авионите.

Тие информации се клучни за предвидување на временските промени.

- Прогнозирањето, секако и понатаму е ограничено, но тогаш секако ќе бидеме во состојба подобро да ги разбереме процесите кои водат до екстремни временаски феномени, изјави директорот на мисијата од Европската вселенска агенција (ЕСА), Паоло Фери.

Голем број научници предупредуваат дека глобалното загревање ќе предизвика се почести и поинтензивни топлотни бранови, дождови и бури, што ќе предизвикаат огромни штети и секоја година ќе усмртат повеќе илјади луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2018 15:13