Официјален Кремљ денеска ги отфрли обвиненијата на Фејсбук дека Руската воена разузнавачка служба (ГРУ) ја користела социјалната мрежа за водење на дезинформативна кампања.

Фејсбук, Твитер и Алфабет колективно избришаа повеќе стотина налози поврзани со вчерашните наводни пропагандни операции во Иран, а Фејсбук соопшти дека другата пропагандна кампања е поврзана со Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека тврдењето на Фејсбук за Русија нема никаква смисла за официјална Москва и оти наликува на неосновани тврдања кои прозилегле од други избори, како што е Мајкрософт.

- Сите тие се обидуваат да се надминат едни со други во соопштенијата кои изгледаат како копии. Не постои никакво објаснување што ги поддржува таквите тврдења и не разбираме на што се засновани, посочи Песков.

Претходно, Фејсбук соопшти дека идентификува и забрани стотици лажни профили, групи и страници што се вклучени во кампањата за координирано политичко влијание и имаат за цел влијание врз политика.

Компанијата соопшти дека се избришани 652 страници, групи и профили што се поврзани со Иран и со Русија поради „координирано неавтентично однесување“ што подразбира споделување политички материјал.

Твитер исто така објави дека избришал 284 профили поради „координирани манипулации“ од кои многу очигледно се од Иран.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2018 16:56