Иранската Револуционерна гарда соопшти дека ќе продолжи да ги зајакнува одбранбените капацитети на земјата и оти нема да се откаже под притисокот поради својата ракетна програма.
- Зголемувањето на одбранбените капацитети остануваат главна стратегија на вооружените сили, се посочува во соопштението на Гардата.
Во соопштението се потенцира дека „ракетната програма е главен предизвик за непријателите на Иран, како што се САД, Израел и Саудиска Арабија“.
Иран вчера претстави нов борбен авион. Претседателот Хасан Рохани по повод Националниот ден на одбранбената индустрија истакна дека Техеран мора да ја развива армијата, за да ги спречи другите држави да ја заземата неговата територија и ресурси.