Силен земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Нова Каледонија, во јужниот дел на Пацификот.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на околу 370 километри од главниот град на Нова Каледонија, Нумеа.

Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека нема опасност од појава на големи бранови.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2018 09:45