Портпаролката на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, Хедер Нојерт изјави дека САД се подготвени да преговараат со Северна Кореја кога ќе биде јасно дека земјата ја исполнила обврската за укинување на своето нуклеарно оружје.
Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Помпео да ја одложи планираната посета на Пјонгјанг наведувајќи го како причина недоволниот напредок во однос на прашањето за нуклеарното разоружување.
Нојерт одби да ги коментира информациите дека писмо со остар јазик кое наводно го напишал висок функционер во севернокорејската Влада, адресирано до Белата куќа, е причина за откажување на посетата на Помпео на Пјонгјанг.
- Америка е подготвена за дијалог кога ќе биде јасно дека претседате