Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан во интервју за австрискиот дневен весник „Тиролер тагесцајтунг“ изјави дека пристапните преговори во иднина ќе траат подолго од претходно.
- Квалитетот пред брзината, посочи Хан, додавајќи оти членството на Унгарија и на Романија „многу нешта покажале“.
Тој посочи дека ЕУ извлече поука од досегашните пристапни процеси.
- Процесите кои ги поттикнуваме на Западен Балкан би требало да добијат многу поголемо ниво неповратност кога станува збор за воспоставување на владеење на правото и борба против корупцијата, наведе Хан.