Талентираниот фудбалер на Фламенго, Лукас Пакета, од јануари 2019 година ќе настапува за Милан. Трансферот на 21-годишниот Бразилец изнесува 35 милиони евра.

Двата клуба веќе ги договорија сите детали и останува само играчот да ги помине лекарските прегледи.

Милан, во трката за потпишување на Пакета ги победи Пари Сен Жермен и Ливерпул, а за тоа најголема заслуга има спортскиот директор Леонардо кој на својот сонародник му ветил значајна улога во тимот од „Сан Сиро“.

Пакета оваа сезона во Бразилската Серија А постигна девет гола на 24 натпревари. Повремено настапува и за националниот тим.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2018 11:25