Фудбалерот на Милан, Рикардо Монтоливо размислува за трансфер во третолигашот Монца, пренесе „Калчомеркато“. Веќе поранешниот капитен на „росонерите“ остана на резервната клупа по доаѓањето на Џенаро Гатузо, а во летниот преоден рок се шпекулираше дека ќе го напушти гигантот од Милано.
Сега пред Монтоливо се отвора можноста да го засили тимот на Монца, кој, пак, беше купен од страна на поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони. Триесет и три-годишниот играч од средниот ред се вклопува совршено во барањата на Берлускони за професионален фудбалер - нема тетоважи, игра со срце и не се грижи особено за својот изглед.
Со своето искуство, Монтоливо може да помогне на Монца да освои промоција и да се искачи во вториот ешалон на италијанскиот фудбал.
Договорот на Италијанецот со Милан е до летото 2019 година.