Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави официјално дека нема да дозволи реализација на планот за одигрувањето на натпревари од шпанското првенство во САД. За тоа инсистираат од Шпанската фудбалска лига, чиј шеф Хавиер Тебас тврди дека такви дуели ќе има, а дури првиот таков е сигурен на 90 отато – Жирона против Барселона во јануари во Мајами.

– Јас одбивам да го дозволам ова. Водечкото тело на ФИФА целосно се спротиставува на оваа идеја, категоричен беше Инфантино денес.

Тоа практично би требало да ги попречи плановите на Лигата, бидејќи такво нешто нема да се случи без дозвола на ФИФА. Одделно, Тебас чу „не“ и од Шпанската фудбалска федерација, од УЕФА и од доста од другите клубови во Шпанија на чело со Реал Мадрид.

Инаку од Ла Лига работат на уште еден проект: средби од првенството на Еквадор да се играат на шпанска земја поради големиот број еквадорци на Пиринејскиот полуостров. Но и тоа едвај ќе стане реалност, бидејќи од ФИФА се категорични дека средбите од било кое првенство треба да се играат само во соодветната држава.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2018 16:43