Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години убедливо ги совладаа Фарски Острови со 4:0.

Во последното трето коло македонските фудбалери ја потврдија фаворитската улога, а стрелци на головите беа Азер Омерагиќ во десетата и во 36-та минута, Иван Николов во 79-та минута и Бехар Фета во 92-та минута.

Со оваа победа Македонија ги задржа минималните шанси за пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство.

Македонската репрезентација има само еднa победа и во моментов меѓу третопласираните селекции во групите е на третото место. Во елитната фаза одат три репрезентации, а Македонија ќе чека на расплетот од другите групи.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2018 18:44