Џузепе Марота го прифатил предлогот на Интер да ја заземе функцијата на генерален менаџер, но пред тоа ќе треба да ги договори условите по напуштањето на Јувентус, тврди „Кориере дело Спорт“.

Веќе подолго време во медиумскиот простор циркулираат гласините дека Марота има принципиелен договор со Интер, но тој ќе стане факт, кога поранешниот директор во Јуве ќе го раскине договорот со италијанскиот шампион.

За оваа недела е закажана средба меѓу Марота и раководството на тимот, на која ќе биде разговарано за намалување на надоместокот, што „бјанконерите“ треба да го платат на експертот.

Во моментов Интер располага со генерален менаџер во лицето на Алесандро Антонело, кој ќе биде десна рака на Марота.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2018 00:19